About us Members Projects Activities Gallery Contact


- Biosfera.org.mk -

Support by MOEPP

.:: FRIENDS ::.
 
Aarhus Family NGO Network in Macedonia
 
БИОСФЕРА

Биосфера е формирана 1999 година како иницјатива и желба на група млади луѓе да дадат свој придонес во унапредувањето и заштитата на животната средина.

Во Биосфера членуваат пред се млади луѓе со различна професионална ориентација кои на работата им даваат висок степен на квалитет.

 

МИСИЈА
Креирање можности за унапредување и развој на децата и младите преку активности за унапредување и заштита на животната средина и природата
Активно учество во процесот на креирање на јавната политика во делот на заштита и унапредување на животната средина и природата.
Превземање конкретни акции и иницијативи за промоција на принципите на одржлив развој преку унапредување на демократските процеси во Република Македонија

ВИЗИЈА
Интеграција на еколошките организации и политиката за животна средина на Република Македонија со европските стандарди и принципи на работа.

СТРУКТУРА НА БИОСФЕРА

Собрание
Претседателство
Надзорна комисија
Сектори на дејствување

СОБРАНИЕ
Собранието е највисок орган на одлучување на Биосфера. Се свикува најмалку еднаш годишно.

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО
Претседателството е извршен орган на Биосфера и ги спроведува одлуките на Собранието. Се состои од 5 члена: Претседател, заменик Претседател, Финансиски менаџер и двајца членови.

НАДЗОРНА КОМИСИЈА
Се состои од три члена. Претседател на Надзорната комисија и двајца членови. Врши надзор над материјалното и финансиско работење.

СЕКТОРИ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Животна средина
- едукација
- отпад
- креирање стратешки документи

Европска интеграција во делот животна средина
- меѓународна соработка и вмрежување
- соработка со Европско Еколошко Биро и Европски Еко Форум
- соработка со секторот за европска интеграција при министерството а животна средина

Локален, регионален и меѓународен развој
- Локална агенда 21
- Евро регион: Битола - Кожани - Корча

Креативен развој на деца и млади
- промоција на волонтерската работа
- учество во меѓунардони младински мрежи
- интеркултурна размена на млади

Јакнење на граѓанското општество
- јакнење на капацитетот на граѓанските организации
- учество во граѓански иницијативи на локално, национално и меѓународно ниво
- промоција на мирот и меѓународното разбирање
- интергенерациска правда

МЕТОДИ НА РАБОТА
- работилници
- обуки
- кампањи
- лобирање
- застапување
- семинари
- конференции
- трансфер на информации

ЧЛЕНСТВО

46 активни членови НА ВОЗРАСТ ОД 17 - 35
Родова структура 60% Ж = 28
40% М = 18

Родова застапеност во Претседателството 3 Ж: 2 М

Ж - женски
М - машки

Home :: About us :: Members :: Projects :: Activities :: Gallery :: Contact